(Видео) Направена првата историска фотографија од црна дупка во вселената

Од збирката на Event Horizon Telescope (EHT) објавена е неверојатна фотографија – првата снимка на црна дупка во историјата на човештвото.

Иако на различни анимации и визуелизации досега сме виделе многу црни дупки во филмови и документарни програми, ваквиот уникатен вселенски феномен досега не беше регистриран во вистинска, изворна форма.

На телевизиските екрани понекогаш црната дупка ни беше прикажувана како темна дамка во бесконечното вселеснко пространство, понекогаш како црн тунел, а понекогаш и како сфера, но сите овие форми беа производ на човековата имагинацијата, базирана на тековните научни наоди.

Причината поради која човештвото досега немаше видено вистинска црна дупка е сосема банална – црните дупки се невидливи. Нивната гравитација е толку моќна што, од одредена точка во просторот, веќе не може ништо да им побегне.

Така, од црните дупки не може да побегне ни електромагнетното зрачење, како што се рендгентските зраци, радиобрановите, светлината и слично. Значи, од црната дупка не може да се регистрира ништо што луѓето може директно да го забележат, а што може да помогне да откриеме како всушност изгледа истата.

 

Сепак, научниците успеале да постигнат нешто што може да се нарече невозможно. Како? Со напорна работа, двегодишен труд и досетлива идеја. Имено, за да ги регистрираат контурите, односно силуетата на црната дупка, астрономите одлучиле да ја снимат нејзината крајна граница, по која радијацијата и светлината не можат да побегнат. Крајната граница уште е позната како „event horizon“ или „точка по која нема враќање“.

„Гасот кој паѓа кон црната дупка се загрева на повеќе од милијарда степени, поради што крајната граница може да се види како силуета чија големина и форма се утврдени со Ајнштајновата теорија“, објаснуваат со анимација од EHT.

Научниците всушност на снимката го имаат регистрирано светлосното зрачење на материјата која со голема брзина кружи на работ на хоризонтот, околу темното подрачје кое ја претставува црната дупка. На тој начин е претставена сенката, односно силуетата на црнатата дупка, поточно нејзиниот темен облик на посветла позадина, предизвикана од светлината која потекнува од околните материи. Ајнштајновата општата теорија на релативноста точно да го предвидува обликот на сенката на црна дупка, која, според неа, треба да биде кружна.

Треба да знаете
Последни објави