Ким: Северна Кореја треба да им зададе удар на тие кои и наметнуваат санкции

Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја треба да им зададе удар на тие кои и наметнуваат санкции на Северна Кореја.

– Северна Кореја треба двојно да ги зголеми напорите за да создаде национална економија со цел да им нанесе удар на непријателските сили, кои со закрвавени очи, погрешно процениле дека санкциите би можеле (Северна Кореја) да ја фрлаат колена, истакна Ким.

Тој не ги именува „непријателските сили” кои вовеле санкции кон Северна Кореја, што аналитичарите го протолкуваа како поцврст став кон Вашингтон од претходно.

Државните медиуми објавија дека севернокорејскиот лидер изминатиот период е посветен на економијата, а претходната недела посети четири важни економски проекти.

Ким минатата година најави „нови стратешки насоки” кои ќе се фокусираат на напредокот и подобрување на животните услови на Севернокорејците за разлика од претходниот двоен пристап – економски развој и развој на нуклеарното оружје

Изјавата  на Ким е објавена пред денешната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин во Вашингтон, на која една од темите ќе биде Северна Кореја.

Мун претходно предложи дека би можеле да се ублажат санкциите со цел да се овозможи меѓукорејски економски договор, а за возврат Северна Кореја да направи одредени отстапки на нуклеарен план. Но, се уште Вашингтон не се согласил со тоа.

Вториот американско-севернокорејски самит, што се одржа во февруари во Ханој не успеа бидејќи Пјонгјанг не се согласи на ограничување на нуклеарната програма колку што бараше Вашингтон во замена за ублажување на економските санкции.

Треба да знаете
Последни објави