Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска потврди дека на маргините од самитот на ЕУ кусо разговарал со словенечкиот премиер Марјан Шарец и истакна дека би сакал Хрватска и Словенија да седнат на маса и да ги решат проблемите.
На прашањето дали станало збор за критиките на Словенија, која ја прозива Хрватска поради владеење на правото, Пленковиќ рече дека за тоа нема ништо ново.
– Тоа е континуирана теза. Јас би сакал да Хрватска и Словенија да седнат на маса и да ги решат проблемите. Се радуваме што премиерот Шарец денеска доаѓа во Дубровник на состанокот Кина плус 16 и повторно ќе разговараме, рече Пленковиќ.
Во последните денови Словенија ја обвини Хрватска и нејзината разузнавачка служба за прислушување и за обиди да интервенира во словенечките медиуми да не објавуваат прилози за тоа.
– Тука нема голема драма и тоа не е ништо ново. Наскоро се европските избори и секој мора да има некоја мала тема и да покаже дека ги штити националните интереси, рече Пленковиќ.