Финската полиција го откри најголемиот синџир за продажба на кокаин во земјата

Финската полиција соопшти дека разбила голем синџир за трговија со кокаин во регионот Тампере, преку кој биле увезени 13 килограми кокаин од Холандија во Финска меѓу 2017-2018 година и во кој биле вмешани десетина осомничени.

„Ова е најголемиот случај на увоз и дистрибуција на кокаин во Финска“, рече Јари Рати, шеф на истрагата, во изјавата објавена во четвртокот.

Тој додаде дека дрогата била пренесена во телата на шверцерите за време на 21 одделна испорака.

Полицијата ја започна својата истрага кога беше забележано зголемување на количината на кокаин достапна во регионот Тампере во централна Финска.

Треба да знаете
Последни објави