Холивудските ѕвезди Семјуел Л. Џексон (70), Салма Хаек (52) и Рајан Рејнолдс (42) деновиве во Ровињ го снимаат филмот „The Hitman’s Wife’s Bodyguard“ и таму ќе останат до крајот на месецот.
Откако ги снимија акциските сцени, познатите актери отидоа на пазар во Ровињ, каде што ја разгледуваа актуелната понуда. Најголемо внимание им привлекоа штандовите со мед, ајвар, маслиново масло и други локални производи.
Познатите актери деновиве на социјалните мрежи објавија фотографии од Ровињ, не криејќи го своето одушевување од убавините на овој хрватски град.