Мајката на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, повикувајќи се на информации од адвокатот на нејзиниот син, изјави дека Асанж најверојатно ќе биде изведен пред судот во рок од 24 часа, додавајќи дека Велика Британија најверојатно ќе побара максимална затворска казна од 12 месеци за него на повисок суд, пренесува „Спутник“.
„Тукушто разговарав со еден од адвокатите на Џулијан. Џулијан најверојатно ќе се појави пред судијата во рок од 24 часа. Велика Британија [веројатно] ќе бара максималназатворска казна од 12 месеци во повисокиот суд. Сега сме, како и секогаш, фокусирани да ја спречиме скстрадицијата во САД!” напиа на Твитер Кристин Асанж.