(Видео) Болни деца сo автомобилче се возат на операција

Вработените во болницата „The Doctors Medical Center“ од Модесто, Калифорнија, на оригинален начин го намалуваат стресот кај децата пред операција. Тие имаат две електрични автомобилчиња на далечинско управување, со кои најмладите пациенти се возат до операциската сала за да им се намали нервозата пред операцијата.

https://www.facebook.com/dmcmodesto/videos/428374571067771/?t=0

Црн мерцедес и розов фолксваген буба се марките на автомобилчиња што децата можат да ги изберат, а исто така тие имаат и звучници. Првото автомобилче го купила болницата, а второто го донирала вработена во болницата.

„Гледаме дека стресот и вознемиреноста исчезнуваат кога ќе влезат во автомобилчето“, објави калифорниската болница на Фејсбук, на кој исто така објави видео во кое девојчето Каролина среќна и безгрижна вози розово автомобилче.

Треба да знаете
Последни објави