(Видео) Заев: Јас сум човек од Муртино, не негуваме вредности како култна личност

Јас сум човек од село Муртино не негуваме вредности како култна личност, изјави ппремиерот Заев на прашање дали е добро што партиски членови и функционери го споредуваат со Јосип Броз Тито.

-Со директорот на Агенцијата за млади и спорт имаме одлична соработка, тој е и претседател на младина во СДСМ но ние не негуваме такви вредности ниту во партијата ниту во Владата. Ние сме мало општество мултиетничко треба да градиме пријателство и еднаквост, збориваме за еднакви вредности, рече Заев.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пак негираше дека тој го споредил Заев со Тито.

Треба да знаете
Последни објави