(Видео) Објавен првиот трејлер за „Кралот лав“

„Дизни“ го објави првиот официјален трејлер за филмот „Кралот лав“, долгоочекуваниот римејк на цртаниот филм од 1994 година. Премиерата на филмот е закажана за 19 јули.

Во филмот гласовите на животните ги позајмуваат Бијонсе (Нала), Доналд Гловер (Симба), Сет Роген (Пумба), Били Ајхнер (Тимон), Чуетел Еџиофор (Скар) и Џон Оливер (Зазу), а од старата постава единствено остана Џејмс Ерл Џонс, кој го позајмува гласот на Муфаса.

Сценариото за филмот го напиша Џеф Нејтансон, а режијата е на Џон Фавро.

Треба да знаете
Последни објави