(Видео) Ѝ го земаа телефонот во авион, па пијаната патничка направи шоу за сите останати да извадат мобилни

Патници на авиокомпанијата „Спирит ерлајнс“ чиј авион летал од Орландо за Њуарк во САД за време на паувањето биле забавувани од една патничка која на присутните им покажала „повеќе отколку што треба“, откако екипажот на авионот ја замолил да го исклучи својот телефон за време на летот.

https://youtu.be/DIpND4CbzA8

Инцидентот се случил на 27 март, а на интернет се појавија неколку видеа од жената што го привлекла вниманието на патниците во авионот, покажувајќи им го задникот и „тверкајќи“ неколку секунди.

„Снимајте сè што сакате”, викнала таа, па се свртела и почнала да тверкува.

На крајот од видеото, таа ги земала своите работи од полицата над седиштето и го напуштила авионот, а патниците не го криеле својот ентузијазам од приреденото шоу.

Треба да знаете
Последни објави