Во полициска акција во Атина уапсени повеќе од 90 лица

Грчката полиција утринава започна полициска операција во одредени згради во населбата Ексхарија во Атина, каде што беа уапсени повеќе од 90 лица, објави МИА. Во зградите под опсада на полициските сили дрога се уапсени лица поврзани со трговија на дрога.

Населбата Ексхарија, која се наоѓа во близина на поширокиот центар на Атина, е локација каде што се собираат анархистите, но исто така и населба каде што живеат голем број дилери на дрога.

Минатата недела во истата населба, група маскирани лица ги нападнаа полициските службеници на грчката крајбрежна стража и обвинителите за време на истрагата на случај за дрога.

Во полициската акција, која е во тек, учествуваат грчки полицајци од различни служби на грчката полиција.

Треба да знаете
Последни објави