Македонската ракометна репрезентација го стартуваше со победа проектот на Данило Брестовац, а истата не беше воопшто обична бидјеќи беше остварена на гостувањето на кое претходно нашата најсилна селекција немаше никогаш триумфирано.
„Црвено-жолтите“ успеаја да го освојат Рејкјавик на крајно драматичен начин и со гол постигнат во последната секунда, а иако херој беше Дејан Манасков кој беше стрелец на последниот погодок со кој стигна до бројата од осум гола, по натпреварот крајно интересна изјава даде Арнор Гунарсон кој ги издвои квалитетите на Столе Стоилов.
– Во првите десет минути игравме добра одбрана и ги добивавме дуелите. Се мачеа да не пробијат, но потоа се поставија во линија и ги пронајдоа дупките во средината на нашата одбрана. Еднсотавно не смееме да примиме 34 гола на домашен терен. Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и им беше лесно да се разигруваат и да постигнуваат голови. Не реши нивниот пикер кој тежи 140 килограми, навистина е тежок за чување кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија вечерва, – порача искусниот исландски репрезентативец по поразот од 33:34.