Најмалку едно лице загина, а 17 беа повредени во експлозија поради протекување на гас во трговскиот кварт Дарама во Северна Каролина.
Шестмина повредени се во критична состојба, велат болничките претставници, објави АП.
Пожарникарите ги евакуираа луѓето од зградата во која се случи експлозија, во која беа оштетени пет згради, додека една беше речиси уништен.
Точната причина за експлозијата сè уште се утврдува.