Кампања за дарување коскена срцевина и работилница за трансплантација

Подигнување на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот, е целта на кампањата „Биди срцевина, биде херој”, што ќе ја спроведува Универзитетската Клиника за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ, Медицинскиот факултет и Министерството за здравство.

Директорката на Клиниката, Ирина Пановска Ставридис денеска на средба со новинарите посочи дека кампањата ќе биде промовирана на 13 април во рамки на првата дводневна работилница за трансплантација на коскена срцевина насловена „Идни перспективи и предизвици” на која ќе учествуваат 60 врвни меѓународни експерти од земјава и странство од областа на трансплантацијата на коскена срцевина.

Меѓу учесниците ќе бидат Мохамед Мохти, професор по хематологија и шеф на Одделот за хематологија и клеточна терапија во рамки на болницата „Сен Антуан” при Универзитетот Сорбона во Париз, кој е лидер на работната група за акутни леукемии во рамки на Eвропското здружение за трансплантација на крв и коскена срцевина, Кристина Петерсе, професор по педијатрија на Одделот за стем клеточна трансплантација во рамки на детската болница „Св.Ана” во Виена и главен истражувач во студиите за терапија на леукемија кај педијатриски пациенти во рамки на Eвропското здружение за трансплантација на крв и коскена срцевина, Радован Врховац, шеф на Одделот за трансплантација на коскена срцевина во рамки на Универзитетскиот клинички центар во Загреб и Марјаж Север, кораководител на програмата за трансплантација на Клиниката за хематологија при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана.

Треба да знаете
Последни објави