Комичарот Зеленски со поголеми шанси за победа на претседателските избори во Украина

Според една нова анкета, комичарот Владимир Зеленски има поголеми шанси да победи на престојните претседателски избори во Украина.

Анкетата спроведена од „Реитинг“ е првато што го испитува потенцијалниот исход на вториот круг на претседателските избори во Украина. Во неа Зеленски доби 61 отсто од гласовите, додека пак актуелниот претеседател Петро Порошенко 24 отсто.

За време на својата кампања, 41-годишниот Зеленски не држеше митинзи, туку патуваше низ земјата продавајќи билети за настапи на кои тој ги имитирал и исмевал политичарите против кои се кандидирал.

Тој вети дека ќе се справи со корупцијата, ќе го сопре одливот на мозоци од земјата и повторно ќе ја направи Украина „просперитетна“. Тој, исто така, претходно рече дека ако биде избран, ќе служи само за еден мандат.

Гласачите во југоисточните региони на Украина кои зборуваат руски, би можеле да бидат клучни за Зеленски, чиј мајчин јазик е рускиот.

Кој и да победи на изборите, ќе го наследи конфликтот меѓу украинските војници и сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на земјата. Економијата на Украина, исто така, е неизвесна и следниот лидер на земјата ќе одлучи дали да ги спроведе реформите потребни за Украина да остане дел од програма за финансиска помош на Меѓународниот монетарен фонд

Треба да знаете
Последни објави