Меган Маркл и принцот Хари се огласија по повод раѓањето на нивното прво дете и разочараа голем дел од фановите на кралскто семејство.
Меган ќе се породи во строга тајност, а јавноста накнадно ќе ја дознае веста за раѓањето на првото дете на принцот Хари. Принцот и војвотката им испратиле официјално соопштение на медиумите.
„Војводата и војвотката од Сасекс се благодарни за желбите и честитките кои ги примија досега и се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. Војводата и војвотката донесоа приватна одлука – самиот чин на раѓањето да остане приватен. Јавноста ќе биде известена за раѓањето на детето, кога тоа ќе биде прославено во кругот на семејството“, стои во официјалното соопштение.
Тоа значи дека овој пат нема да има „лудило“ пред болницата и повеќечасовно исчекување на новиот член на кралското семејство, како што тоа било случај со породувањата на Кејт Мидлтон. Сите трипати, кралското семејство ја известувала јавноста за почетокот на породувањето, а Кејт Мидлтон го покажувала наследникот неколку часа после породувањето.