Министерот за култура Асаф Адеми оствари работна средба со директорот на Турскиот културен центар во Скопје, Институтот „Јунус Емре“, Серхат Кула.
На средбата стана збор за досегашната соработка помеѓу Институтот „Јунус Емре“ и Министерството за култура, како и за проектите кои ќе се реализираат во текот во оваа и следната, 2020 година.
Соговорниците се согласија дека во изминатиот период се реализираа голем број на настани преку кои пред публиката, преку различни културни содржини, беше промовирана турската култура и традиција.
За време на средбата, директорот на Институтот „Јунус Емре“ упати благодарност до министерот Адеми за неговите напори за заокружување на процедурата околу објектот „Куршумли ан“ каде превидено е да биде сместен Турскиот културен центар.
Соговорниците изразија уверување дека и во периодот што следи, ќе се реализираат нови проекти преку кои ќе се интензивира соработката во областа на културата помеѓу двете земји.