Потпишан Договор за заштита на животната средина со Бугарија

Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија денеска во Софија потпишаа Договор за соработка во областа на животната средина и заштитата на водите.

Спогодбата била потпишана на средбата на делегација предводена од министерот Садула Дураки, со бугарските колеги на чело со бугарскиот министер за животна средина, Нено Димов.

Како што информираат од Министерството за животна средина, двајцата министри ја потенцирале подготвеноста да ги зајакнат добрососедските и пријателски односи и да ја продлабочат соработката во правец на зачувување и заштита на природните ресурси.

Треба да знаете
Последни објави