Германските обвинители наредија претрес низ целата земја, како дел од истрагата за огромната даночна измама која се одвива со децении.
Обвинителството во Франкфурт објави дека околу 170 вработени претресле 19 објекти во четири германски провинции, а се тврди дека во оваа шема на измама биле вклучени и вработените во банките, според АП.
Шемата вклучуваше даночна измама во која учесниците позајмуваат акции едни со други, со цел да се собере надомест за неплатени даноци, што даночните обврзници ширум Европа ги чини милијарди евра.