Претседателските избори во Алжир ќе се одржат на 4 јули, беше објавено вчера во Алжир.
Алжирскиот парламент го назначи Абделкадер Бенсалах за привремен претседател на земјата пред два дена, и тој вети во првото телевизиско обраќање на нацијата дека ќе организира слободни избори, објави Ројтерс.
Според неговите зборови, тој ќе се консултира со политичката класа и граѓанското општество „во потрага по новиот Алжир”.
Откако Бенсала, близок соработник на поранешниот претседател Абделазиз Бутефли, беше избран од парламентот како привремен претседател, граѓаните излегоа да протестираат против оваа одлука, а полицијата со употреба на солзавец и водени топови ги прекина протестите, објави АП.