Свадбените фотографи ги споделија нивните мислења за тоа кои се знаците што откриваат дали брачните двојки ќе опстојат според тоа како се однесувале кога се фотографирале на свадба.
Еден корисник праша, фотографите кои ја користат платформата дали во нивното искуство како свадбени фотографи забележале индикатори во однесувањето на двојките на свадбените фотосесии што откриваат колку ќе трае бракот.
Прашањето доби над 6.000 коментари од фотографи кои открија кои се знаците што укажуваат дека двојките не биле подготвени за брак. Тоа се покажува на нивниот израз на лицето, велат тие и додаваат дека од нивно искуство може да препознаат лажна од искрена насмевка.
„Еден знак е кога едниот од партнерите постојано го критикува другиот за време на фотосесијата, а потоа објавуваат фотографија со коментар: ‘Се омажив/оженив со мојата сродна душа’“, откри еден фотограф.
Друг се присети на ситуација кога невестата побарала да ѝ ги врати парите бидејќи младоженецот „не изгледал среќен на фотографиите“.
„Се разведоа по една година. Тоа го знам бидејќи го фотографирав истиот маж на свршувачката со новата сопруга четири години по првата свадба“, открива тој. „На вторите фотографии беше многу посреќен.“
За некои фотографи, начинот на кој штотуку венчаната двојка се договара да ја пресече свадбената торта кажува многу и често ги открива вистинските чувства и колку се почитуваат партнерите.
„Одговор од фотограф: за мене најдобар знак е сечењето на тортата. Некои двојки сакаат да се шлапаат со торта, други не. Обично се усогласени по тоа прашање. Ако едниот сака, а другиот не и вториот добие торта во лице, тоа обично се доживува како понижување. Овие двојки потоа најчесто завршиле со развод“, објаснува еден од „поборниците“ на оваа теорија.
Начинот на кој идните брачни двојки се справуваат со стресни ситуации на денот на свадбата кажува многу за нив како двојка, сметаат некои фотографи.
„Ако на тој ден, кога обично има многу напнатост и стрес, партнерите се однесуваат еден кон друг со почит и разбирање, наместо да се опседнуваат со тоа дали е сѐ совршено, тоа е добар индикатор дека ќе можат да се справат со поголемите проблеми што ги носи брачниот живот.“
Начинот на кој двојките се договараат какви свадбени фотографии сакаат и ако се спонтани и слободни дури и во некои „откачени“ пози што ги прават со широка насмевка на лицето, покажува дека таа двојка ќе трае долго, сметаат фотографите.