Промените веќе се случија, режимот на Никола Груевски, граѓаните го поразија со пенкало.
Додека Христијан Хидро Мицкоски стоеше зад Груевски и тераше бизниси со хидроцентрали, добиени од неговиот ментор, граѓаните веќе ја испеаја „Wind of changes“ и донесоа промени.
За сето време Мицкоски молчеше и го бранеше Никола Груевски. Исто e и денеска. Од заробена, сиромашна и изолирана држава, Република Северна Македонија денес е слободна, демократска земја која оди кон интеграција во ЕУ и НАТО, рамноправен партнер на демократскиот свет.
Позитивните промени продолжуваат со победа на Стево Пендаровски и носат развој, напредок и интеграција.