Снежна бура денес ја зафати областа на Колорадо, од Карпестите Планини до Големата Рамнина, поради што гувернерот на таа американска држава ја активираше Националната гарда.
Американската метеоролошка служба предупреди дека снежната бура, придружена со силни ветришта од Колорадо до Минесота, претставува ризик за животот на жителите, објави агенцијата „Ројтерс“.
Бурата е квалификувана како „циклонска бомба“ и може да предизвика поплави.
Во Колорадо, во некои делови, температурите во вторникот достигнаа 30 Целзиусови степени, а следниот ден паднаа на минус 1 Целзиусов степен во некои области.
Според американските официјални лица, снегот паднал во некои делови на Колорадо, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота, Минесота и Висконсин, а снежната покривка некаде достигнала повеќе од 30 сантиметри.