Тарик се враќа во „Милионер“

Квизот „Кој сака да биде милионер” на ХРТ се прикажуваше осум години, од 2002 до 2010 година, а за седум сезони емитуваше 521 програма. Водител на квизот беше Тарик Филиповиќ (47) и од оваа есен токму тој повторно ќе им поставува прашања на кандидатите, пишува „Јутарњи лист“.

„Овој квиз со години беше дел од мојот живот, но јас навистина уживав во тоа. Со текот на времето оваа емисија ми стана многу повеќе од деловен ангажман, и ми претставува големо задоволство што тоа го препозна и публиката и моите шефови кои ми дадоа шанса повторно да ја водам оваа телевизиска програма“ рече Филиповиќ.

По „Милионер“, Тарик стана водител на квизот „Потера“, кој на телевизија се прикажува од 2013 година, а моментално се емитува неговата шеста сезона. Сепак, Филиповиќ, најверојатно, нема да ја дочека седмата сезона во овој квиз.

„Жал ми е што најверојатно ќе мора да ѝ кажам збогум на ‘Потера’, но свесен сум дека не можам истовремено да ги водам и ‘Потера’ и ‘Милионер’. Јас сум разумна личност и како таков сфаќам дека тоа ќе биде премногу, а поради тоа би страдал и како актер. Ќе повторам, жал ми е што ја напуштам ‘Потера’, но би ми било уште повеќе жал да не го водам ‘Милионер’“ рече Филиповиќ, додавајќи дека не знае кој ќе го замени наесен.

Треба да знаете
Последни објави