Татко на припадник на ИСИС: Ибро веќе не е мој син, да се прашувам јас, би му пресудил со смртна казна
Шефик Чуфуровиќ од Велика Кладуша, татко на Ибро Чуфуровиќ, кој кон крајот на овој месец треба да биде изречен на правосудните органи на Босна и Херцеговина, откако беше уапсен во Сирија за време на борбата на така наречената Исламска држава, вели дека уште никој не го контактирал околу доаѓањето на неговиот син во БиХ.
Тој денес за Аваз рекол дека останува на тоа што го кажал и претходно, дека „Ибро повеќе не е негов син“ и дека „доколку тој се прашува, би му пресудил со смртна казна“.
„Ниту уште дошол, ниту пак некој ми се јави. Јас едвај чекам да дојде за се да му раскажам на судот и на Обвинителството“, кратко рекол Шефик.
Да потсетиме, пред неколку недели неговата исподев ја потресе јавноста во БиХ.
„Ме напаѓаше и мене и оџата дека не знаеме да клањаме. Мене, како свој татко, не ме почитуваше ниту како кал под нокт. Јас му дадов се. Билал Босниќ го заведе и мојот син и десетина други момчиња. Го наплати добро нивното заминување во Сирија. А, колку само смејства упропасти, нека му плати Бог“, рекол тогаш Чуфуровиќ.