Уапсени двајца Албанци кои илегално ја преминале границата

На 10.04.2019 во 12.50 часот, кај место викано „Кривска крстосница“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Блато“, поради обид за илегално преминување на државната граница од Р.С.Македонија кон Р.Албанија, ги привеле албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56). Тие биле предадени на инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави