Чесите сметаат дека во нивната земја живеат премногу странци

Се поголем број Чеси сметаат дека во оваа земја живеат премногу странци, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење кое во текот на март го спроведе институцијата CVVM.

Според резултатите од анкетата, околу 40 отсто од испитаниците сметаат дека во Чешка живеат преголем број на странци, објави чешката агенција V4NA, потсетувајќи дека според резултатите од истото истражување минатата година, ваквото мислење го делеле 35 проценти од испитаниците.

Како што наведува CVVM, само во чешката престолнина Прага живеат над 20 проценти странци. Истовремено, според резултатите од последното истражување објавено во вторникот, околу 50 проценти од испитаниците сметаат дека странците во Чешка се економска нужност и не претставуваат никаков проблем.

Во рамки на истражувањето, 75 отсто од испитаниците сметаат дека странците во Чешката Република треба колку што е можно повеќе да ги прифатат вредностите на чешкото општество, додека само два процента од испитаниците истакнале дека странците воопшто не мора да ги прифаќаат ваквите вредности.

Агенцијата V4NA потсетува дека во Чешка има околу 660.000 странци со дозвола за постојан престој.

Треба да знаете
Последни објави