Јужна Кореја ќе го легализира абортусот по 66-годишна забрана. Јужнокорејската забрана за абортус мора да биде укината до крајот на 2020 година. Ваквата одлука ја донесе Уставниот суд на земјата донесе одлука во четвртокот.
Седум од девет судии одлучија дека забраната на абортусот е неуставна. Потребни беа гласови на шест судии за да се укине забраната. Пратениците сега имаат рок до 31 декември 2020 година да го ревидираат законот. Прекинот на бременоста по 20-та недели ќе остане нелегален.
Претходно, жените кои имаа абортуси во Јужна Кореја можеа да се соочат со една година затвор и да бидат казнети да платат 1.780 долари, додека лекарите или здравствените работници кои помогнале во прекинувањето на бременоста можеа да бидат затворени до две години. Обвиненијата биле ретки, не се случувале.
Три четвртини од жените на возраст од 15 до 44 години сметаат дека законот е неправеден, според резултатите од истражувањето што го објави Корејскиот институт за здравство и социјални прашања. Околу 20% од испитаниците рекле дека имале абортус и покрај тоа што е нелегално.