Јужнокорејскиот Уставен суд бара олеснување на забраната за абортус

Јужнокорејскиот Уставен суд денеска ја прогласи за неуставна повеќедецениската строга забрана за абортус во земјата.

Законот за абортус, кој е во сила од 1953 година, не е компатибилен со Уставот, соопшти денеска Судот.

Судиите го повикаа Парламентот да го промени соодветното законодавство до крајот на 2020 година, со цел да се овозможи рано прекинување на бременоста.

Исто така, против Уставот е и да се казнуваат лекарите кои прават абортуси, истакна Судот.

Треба да знаете
Последни објави