Џеј Ло ja одложи венчавката, има премногу ангажмани

Набргу по свршувачката почнаа да кружат гласови дека Алекс Родригез додека бил во врска со Џеј Ло имал афера со две жени.

Неодамна, Џеј Ло објави фотографија на прстенот со кој Родригез ѝ понуди брак.

https://www.instagram.com/p/Bu6i-pfAE43/

Сите почнаа да се прашуваат кога ќе биде свадбата. Сепак, во едно интервју, Џеј Ло рече:

„Ние сè уште не планираме ништо. Штотуку се свршивме. Веднаш по свршувачката ме чекаа некои големи бизнис-проекти што морам да ги завршам до крајот на годината, па навистина не знам да ви кажам што сè ќе се случува.“

https://www.instagram.com/p/BvwxjSGgQHz/

„Всушност, не сме сигурни дали сакаме воопшто да ја протуркаме свадбата во таков густ распоред, или ќе мора да почекаме. Сè уште не знам ништо.“

Многумина тврдат дека аферата на Алекс, всушност, била причината за одложување на свадбата.

Треба да знаете
Последни објави