Амeриканската амбасада организира Саем за образование со универзитети од САД

Амбасадата на САД во земјава, во соработка со EducationUSA, ќе биде домаќин на турнејата на EducationUSA во Југоисточна Европа.

На настанот кој што ќе се оддржи денеска попладне во Скопје, ќе присуствува вршителот на должност амбасадор на САД, Сузан Фалатко, а 15 преставници од универзитети од САД ќе бидат на располагање да одговорат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции.

Како што соопштија од Американската амбасада, советниците на EducationUSA ќе бидат тука да објаснат како се аплицира на универзитет во САД, и ќе ги информираат студентите за услугите што EducationUSA ги обезбедува во центрите во Северна Македонија. Освен тоа, координаторот за програми на размена во Амбасадата на САД ќе одговара на прашања во врска со можностите за школарини и програми за размена на студенти, спонзорирани од Владата на САД.

Влезот на настанот е бесплатен, а се покануваат студентите и нивните родители да учествуваат.

Треба да знаете
Последни објави