Барселона триумфираше во Манчестер со 0:1 против Јунајтед во четвртфиналето на Лигата на шампиони, што е прва победа на Каталонците на „Олд Трафорд“.
Единствениот погодок на мечот беше постигнат уште во 12. минута, Суарез биеше, топката го удри Лук Шо и заврши во мрежата на Де Геа. Помошникот крена офсајд, но по прегледувањето на ВАР голот беше признаен.
Гостите доминираа на теренот, но по еден удар со лакт на Смолинг, Меси заврши на тревата со раскрвавена глава, по што падна темпото на Барселона. Во 29. минута имаше еден спорен момент кога Мектоминеј беше соборен во шеснаесетникот од Бускетс, но судијата одлучи дека нема пенал.
До крајот на натпреварот Барселона имаше изгледни шанси за да го зголеми водството, но повеќе беше ориентирана на одбрана на резултатот, а домашните фудбалери, пак, не направија ниту една посериозна шанса.