Папата Франциск во досега невиден гест, клекнат на колена ги бакнуваше стопалата на лидерите на Јужен Судан, кои претходно меѓусебно војуваа и ги повика да не се враќаат на граѓанската војна.
Папата му рекол на претседателот Салви Кир, на неговиот поранешен заменик и водач на бунтовниците Риек Макар и на тројца потпретседатели, да го почитуваат примирјето кое го потпишале и следниот месец да се посветат на формирање Влада на национално единство.
„Ве молам како брат да останете во мир. Ве молам со своето срце, да тргнеме напред. Ќе има многу проблеми, но тие нема да не победат. Решете ги своите проблеми“ рекол папата.