Петгодишно девојче паднало во Маркова река и се удавило

Пет годишно девојче паднало во Маркова река и се удавило, вчера во скопското село Батинци.

Според полицијата, несреќата се случила околу 15 часот, во близина на стариот пат за селото Батинци. Додека родителите на 5-годишното девојче биле на свадба, тоа  си играло со други деца, но во еден момент паднало во Маркова река и се удавило.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави