Српскиот фудбалер, Лука Јовиќ по спектакуларната сезона во Ајнтрахт се поврзува со трансфер во многу европски гиганти.
Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус и уште многу тимови застанаа во редот за негов ангажман, но по се изгледа тој ќе остане во градот покрај Мајна и следната сезона.
Тоа го потврди и неговиот татко кој посочи дека доколку Ајнтрахт се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, Лука со сигурност ќе остане во Германија.
– Има голем интерес за Лука вклучувајќи го и оној од Барселона, но тој не е заинтересиран. Не знае дали ќе игра таму. Тој сака да се квалификува во Лигата на шампионите со Ајнтрахт и да остане тука, – истакна таткото на Јовиќ.