Реал Мадрид доби лоши вести и тие се поврзани со капитенот на тимот – Серхио Рамос. Дефанзивецот има проблеми во левата нога и нема да биде на линија за следните неколку дуели.
– Медицинската екипа на тимот му дијагностицира на Серхио Рамос повреда во стапалото на левата нога. Можно е повредата да се усложни при нови оптоварувања, напишаа од Реал.
Според информации во шпанските медиуми, Рамос може да отсуствува од терените во рок од 15 дена, што значи дека дефанзивецот нема да игра во следниот дуел на „белите” – гостувањето на Леганес.
Во оваа сезона Рамос одигра 3.662 минути (41 натпревари) со тимот на Реал, а само напаѓачот Карим Бензема има повеќе (3.868 минути, 43 натпревари).