Николовски очекува судот да ја отфрли тужбата за клевета, Заев тврди дека му е нарушен угледот

Во Основниот Суд Скопје 2 заврши судското рочиште во кое Вице Заев го тужи Александар Николовски за клевета и навреда поради неговата изјава дека е главен бизнис фактор. Вице Заев на денешното судење не се појави, а го застапуваше неговиот адвокат, воедно и братучед, Горан Заев, а, пак, Николовски на ова рочиште е сам без адвокат. И овој пат не беше дозволено медиумите да го снимаат судењето.

Горан Заев, адвокатот на Вице Заев, рече дека со навредата се компромитира личноста на Вице и почитта од сограѓаните, а Николовски не докажал дека Вице е бизнис фактор.

Николовски пак истакна дека изјавата е дадена со цел критика на власта и СДСМ, насочена кон работата на Владата и аферите кои се чести.

– Немав намера да го навредам тужителот, делот со тендерите е изваден од контекст, беше за Владата, вели Николовски во Судот во завршните зборови.

На завршните зборови, се слушале „це-де“ со изјавата на Николовски за Вице Заев, што е доставено со тужбата, а се читаа и наслови и извадоци од новинарски текстови од повеќе медиуми во кои е цитирана изјавата на Николовски.

„Имам полно право да изнесувам свои ставови и гледишта. Очекувам судот да ја одбие тужбата.
Заев рече дека да е до него тужбата би била повлечена. Е сега имам една дилема, дали браќава меѓу себе не комуницираат што е надвор од умот, или функционираат како и до сега, рече Николовски.

Рочиштето на кое ќе се прочита пресудата е закажано за 22 април.

 

Треба да знаете
Последни објави