Уапсен гостиварец со три килограми марихуана

Три килограми марихуана биле откриени во куќа во гостиварското село Чегране.

Според полицијата, во акцијата бил уапсен Х.М.(44) од село Чегране. Полицијата вчера извршила претрес во домот и помошни простории на Х.М. и пронашла и одзела три најлонски кеси со околу три килограми марихуана.

Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави