Возач на автомобил тешко повреден во судир со камион

Возач бил тешко повреден откако со автомобилот што го управувал се судрил со камион, вчера вечерта во близина на Охрид.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 21.30  часот на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље . Автомобил „ауди” со скопски регистарски ознаки, управуван од В.И.(22) од село Радолишта се судрил со влекач „ман” со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(39) од Скопје.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобил возачот „аудито”. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо”- Охрид, оод каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид извршила екипа од ПС Струга.

Треба да знаете
Последни објави