Утрово, во Дубровник започна 8-миот Самит на премиерот на Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа, каде што учествува и премиерот Зоран Заев со владина делегација.
На почетокот на Самитот, на учесниците им се обрати премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.
Главната тема на Самитот е да се изградат нови мостови преку отвореност, иновација и партнерство.
Ќе биде отворена и изложба за соработка на тема образование на земјите од иницијативата 16 + 1.
Денес ќе се одржи 9-тиот Економско-трговски форум, на чие отворање покрај Пленковиќ ќе говори и кинескиот премиер Ли Кечијанг.
Иницијативата 16 + 1 беше формирана во 2012 година со цел да се промовира бизнис и инвестициска соработка меѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа – Србија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора Гор, Северна Македонија, Романија, Словачка и Словенија.
Оваа иницијатива се смета за составен дел на мегапроектот „Еден појас, еден пат” – современиот Пат на свилата и еден од најамбициозните проекти во историјата.
Од ХРТ велат дека на самитот ќе се приклучи и грчкиот премиер Алексис Ципрас, така што оваа иницијатива наскоро ќе стане „17 + 1″.
Според хрватската телевизија, Грција ќе стане 17-та членка на Иницијативата.