Државниот пензиски фонд на Нов Зеланд ќе ги продава акциите во компаниите за производство на оружје

Државниот пензиски фонд на Нов Зеланд ќе ги продаде акциите од 19 милиони долари во производителите на оружје кое беше забрането со новите законски измени, фондот објави во петокот.

„Компаниите ште се занимаваат со производството на цивилно автоматско и полуавтоматско огнено оружје, шаржери или делови забранети според законот на Нов Зеланд се исклучени од новозеландскиот Супер фонд од 41,7 милијарди долари“, соопшти фондот на својата веб-страница.

Фондот додаде дека потегот е одговор на новиот закон и дека седум компании ќе бидат погодени од ваквата одлука, вклучувајќи ги Штурм, Ругер и Ко и НОФ Корп.

Во иднина, фондот би можел да ги продаде акциите и во други компании, иако засега не понуди временска рамка за ваквиот чекор.

Треба да знаете
Последни објави