Клоп е број 1 во Премиер лигата за март
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше избран за број 1 за месец март во Премиер лигата.
Германскиот стратег успеа да ги изведе „црвените” до три последователни победи против тимовите на Барнли, Фулам и Тотенхем, откако го започна месецот со реми против градскиот ривал Евертон на „Гудисон парк”.
Клоп се избори во конкуренција на Пеп Гвардиола, Ралф Хазенхутл, Брендан Роџерс и Марко Силва.
Ова е втора награда која ја заработува Клоп во оваа сезона. Беше избран и за менаџер на месец декември.
За првпат Германецот ја доби наградата во септември 2016 година.