Летало паднало на голф терен, еден загинат

Британската полиција соопшти дека ултралесно летало синоќа се урнало на голф теренот „Ројал Биркдејл“ во Саутпорт, во северозападниот дел на Англија.

Во тој инцидент загинало едно лице. Леталото по падот експлодирало.

Агенцијата „Ројтерс“ соопшти дека полицијата од округот Мерсисајд го утврдува идентитетот на жртвата.

Треба да знаете
Последни објави