Московски суд: Домашен притвор за Калви до 14 јули

Судот Басмани во Москва нареди тримесечен домашен притвор за Мајкл Калви, директор на инвестицискиот фонд „Баринг Восток“, поточно до 14 јули, според руската агенција ТАСС.

Калви, американски државјанин, е обвинет за проневера на 37,5 милиони долари.

Вчера истиот суд го ослободи Калви од затвор, каде што помина два месеци, за потоа да му одреди домашен притвор.

Калви, основачот на „Баринг Восток“, беше уапсен во февруари под обвинение за измама, што тој го негираше, тврдејќи дека процесот имал за цел да изврши притисок врз него во спорот со друга компанија поради контрола на една од руските банки.

Треба да знаете
Последни објави