Нема повредени во пожарот во Куманово

Нема повредени во големиот пожар во Куманово во кој вчера вечерта изгоре куќа, информираше МВР.

-На 11.04.2019 во 20.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа сопственост на М.З на улица Гоце Делчев во Куманово настанал пожар. Во пожарот куќата целосно изгорела. Во 22 часот екипа од Територијалната противпожарна единица го изгаснала пожарот. Повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, велат од МВР.

Три екипи на противпижарната единица го гаснеле пожарот, а покрај куќата бил зафатен е и еден стан од зграда која се наоѓа во близина.

Треба да знаете
Последни објави