Прекината мрежа на организиран криминал во Унгарија

Финансиските инспектори од Унгарската национална управа за даноци и царини ја прекинаа организираната мрежа на криминалци кои се занимаваа со измама на данок на додадена вредност, а шест лица беа уапсени, соопшти „Европол“.

Притоа беа запленети 16 имоти во Шпанија и 5 во Италија, неколку возила и други предмети во вкупна вредност од 70 милиони евра. Со оглед на количеството на запленетите средства, унгарските власти очекуваат целосно да го вратат износот на изгубените даноци од државниот буџет, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави