Преодниот воен совет на Судан нема да го екстрадира Башир

Суданскиот Преоден воен совет објави дека нема да го екстрадира претседателот Омар ал-Башир, кој се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг, туку дека ќе му се суди во Судан.

Меѓународниот суд издаде потерница за Башир поради наводни воени злосторства.

Преодниот воен совет исто така вети дека Судан ќе добие нова цивилна власт.

Министерот за одбрана, Мохамед Ахмед Авад Ибн Ауф, кој го предводи Советот, изрази очекување дека двегодишниот предизборен период на транзиција ќе биде пократок ако се избегне хаосот во земјата.

Ауф ја даде оваа изјава кога по вчерашното соборување на претседателот Башир беа организирани масовни протести против воспоставувањето воена власт во Судан.

Треба да знаете
Последни објави