Секој различно: Како хороскопските знаци се носат со раскинувањето?

Раскинувањето не е баш пријатно, а секој различно се носи со крајот на една врска. Според астрологијата, за некои работи може да го обвините и хороскопот.

 

Еве како различните хороскопски знаци се носат со крајот на врската:

Овен

На Овните не им е баш драго кога се одбиени, па тешко се носат со раскинувањата. Кај другите работи некако можат да ги контролираат емоциите, но ако раскинувањето ги изненади големи се шансите да се однесуваат прилично детски.

Бик

Овој знак не сака промени и непознати работи, а за нив раскинувањето е токму тоа. По прекинот Биковите ќе се чувствуваат изгубено бидејќи знаат дека мораат да ги променат чувствата кон личноста која ги остава, својата иднина и нивото на опуштеност.

Близнаци

На Близнаците им е јасно дека раскинувањата не се најдобрата работа во светот, но исто така сфаќаат дека животот оди понатаму и по раскинувањето. Затоа многу брзо бараат некој нов и уште побрзо забораваат на старата љубов.

Рак

Раковите по природа се многу детски настроени, одбивањето не им се допаѓа и почнуваат да се однесуваат како деца на кои некој одбил да им купи сладолед. Пасивната агресија е уште едно омилено оружје на овој знак.

Лав

На просечен Лав одбивањето му звучи како порака дека не е доволно добар за личноста која го остава, затоа со сите сили ќе се труди да докаже дека тоа не е вистина. Лавовите често се обидуваат да ги убедат бившите да ги примат назад бидејќи не им е јасно како некој може да ги одбие.

Девица

Девицата долго ќе крие како се чувствува поради раскинувањето, а често ќе се обидува да го оправда раскинувањето – на себе и на другите. Најчесто по првото оправдување ќе влезе во фаза во која премногу ќе размислува за секој детаљ, што ги прави уште подепресивни.

Вага

Кога станува збор за Вагите, раскинувањето има два ефекта. Понекогаш не ги допира премногу и веднаш си ја враќаат рамнотежата, а понекогаш силно ќе ги потресе, па им треба нешто поразлично. Сепак, Вагите закрепнуваат брзо и ефикасно.

Скорпија

По раскинувањето, Скорпиите се претвораат во лути и тврдоглави луѓе кои зборуваат работи во стилот „Точно знаев дека ќе ме оставиш“. Никогаш нема да ви простат што сте ги оставиле.

Стрелец

Реагираат на еден од два начина. Ако не им е претерано грижа, ќе бидат безгрижни кога станува збор за раскинувањето. Но, ако врската им е важна, на сите можни начини ќе бараат спас за врската.

Јарец

Овој знак вложува многу труд во врска и се труди да не биде оставен. Ако се случи тоа, не знае како да се однесува. Го анализира секој чекор, ги бара грешките во работи на кои нема влијание и едноставно „се јаде“ себеси поради шансата за љубов која ја изгубил.

Водолија

Водолиите не знаат да се однесуваат зрело по раскинувањето. Ќе се налутат, ќе викаат гласно и гласно ќе ја озборуваат бившата љубов со пријателите или преку агресивни статуси на социјалните мрежи.

Риби

Автоматски мислат дека се виновни за раскинувањето и цело време барат причина за тоа. Од сите хороскопски знаци им треба најдолго време да закрепнат од раскинувањето бидејќи најчесто не сакаат да поверуваат дека е крај со врската.

Треба да знаете
Последни објави