Три килограми марихуана биле откриени во куќа во гостиварското село Чегране.
Според полицијата, во акцијата бил уапсен Х.М.(44) од село Чегране. Полицијата вчера извршила претрес во домот и помошни простории на Х.М. и пронашла и одзела три најлонски кеси со околу три килограми марихуана.
Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.