„Вибер“ воведе нова услуга која светските патници со нетрпение ја исчекуваа

Апликацијата „Вибер“ има нова услуга, посоебно корисна за оние кои многу патуваат.

Таа им овозможува на корисниците да изберат локален телефонски број во избраната земја и преку него да примаат телефонски повици и пораки по локални цени, пренесува „Б92“.

Услугата Viber Local Number моментно е достапна само во САД, Канада и Велика Британија. Всушност, таа е достапна за корисниците ширум светот, но тие засега можат да изберат само телефонски број од наведените земји. Во блиска иднина ќе бидат додадени и нови земји.

Преку локалниот вибер број, корисниците можат да примаат неограничен број на дојдовни повици и СМС пораки.

На компаниите кои работат во меѓународно опкружување новата функција им дозволува да комуницираат со своите клиенти без трошоци за роаминг, без оглед на тоа каде се наоѓаат.

За првите 10.000 нови претплатници „Вибер“ нуди промотивна цена од 1,99 евра месечно, додека стандардната претплата за преостанатите ќе изнесува 4,99 евра.

Треба да знаете
Последни објави